Загреб, 26.септември 2015 (ИНПРЕС) – Хрватскиот парламент вчера се самораспушти, одлука што стапува на сила во понеделник на 28 септември.
Сите 123 пратеници гласаа едногласно за распуштање на парламентот.
Мандатот на пратениците останува во сила до утврдување на новиот состав на Парламентот.
Парламентарните избори во Хрватска треба да се одржат најдоцна до 60 дена по распуштањето на законодавниот орган, односно до крајот на ноември годинава.
Одлуката за датумот, за одржување на изборите треба да ја донесе претседателот. (Крај)
извор:Плусинфо фото:архива