Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хрватски интелектуалци бараат враќање на усташкиот поздрав „За Дом спремни“ во војската

Хрватски интелектуалци бараат враќање на усташкиот поздрав „За Дом спремни“ во војската

Загреб, 25.август 2015 (ИНПРЕС) – Група хрватски интелектуалци и свештеници побарале од претседателката Колинда Грабар Китаровиќ усташкиот поздрав „За Дом спремни“ да биде службено вратен на користење во хрватската војска.

Во онлајн петицијата се бара измена на законот за хрватската војска, а ја потпишале наводно повеќе од 3.000 луѓе, меѓу кои академикот Јосип Печаревиќ, поранешниот фудбалер Јосип Шимуниќ, двајца високорангирани свештеници на Католичката црква, академикот Станко Поповиќ и други.

Во Хрватска сѐ почесто и сѐ поагресивно се повикува на усташтво, пишуваат хрватските медиуми. Секогаш истите луѓе упорно ја компромитираат Хрватска, без какви било санкции, иако хрватските закони јасно предвидуваат санкции за тој вид прекршоци.

Поради оживувањето на сеништата од минатото Хрватска сѐ почесто е на столбот на срамот во Европа, а поради дивеењето на Шимуниќ на фудбалскиот терен, кога викаше „За Дом спремни“ хрватската фудбалска организација доби и драстична казна.

Интересно е тоа што петицијата му била испратена и на шефот на опозицијата Томислав Карамарко, претседателот на партијата ХДЗ. Колку тој има врска со промените на законот и таквата иницијативата никому не му е јасно, но може да се очекува дека тој ќе се огради од усташките носталгичари кои упорно ја срамат Хрватска.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous Ердоган официјално ги распиша изборите
Next УНХЦР: За една ноќ во Србија влегле 7.000 бегалци

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.