Охрид, 25. октомври 2023 (ИНПРЕС) – По повод денот на ослободувањето на Охрид, 7. Ноември, ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал.
Турнирот е во организација на ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид. Ќе учествуваат 12 екипи, распоредени во 4 групи.
– Учествуваат фудбалските тимови на: ЈП „Билјанини извори”, Општина Охрид, ЈП „Охридски комуналец”, ЈП „Градски пазар”, ЈП „Водовод”, ЈП „Нискоградба”, ЕкоШпар, Костал, Магна, Жито леб-Екстра Скопско, ЛТХ Леарница и АСП-ПАК. Им се заблагодаруваме на сите тимови за учеството и поддршката на хуманитарниот турнир, велат од „Билјанини извори“.
Натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Билјанини извори“ на 28 и 29 октомври и 4 и 5 ноември.
За најуспешните три тимови обезбедени се пехари, додека собраните средства за учество на турнирот (6000 по тим) ќе се донираат во хуманитарни цели. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива