April 7, 2023

Охрид, 7. април 2023 (ИНПРЕС) – Утре во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи хуманитарен фудбалски турнир како дел од овогодишниот ПХВ-ЦКА циклус.

Ќе учествуваат сите основни и средни училишта од Општина Охрид.

Нема опис за фотографијата.

– Турнирот го организираат две ПХВ групи од кои едната група работи на социјален проект, а другата група работи на проект со деца со попреченост. Се покануваат сите хумани граѓани да дојдат и да ги поддржат учесниците на турнирот и ПХВ младинците, како и духот на хуманоста кој овие два месеци владее во нашиот град, информираат од Црвен крст Охрид.

Влезот на овој турнир е 100 денари и сите собрани средства ќе бидат наменети за олеснување на животот на луѓето со попреченост и подобрување на условите за живот на социјално загрозено деветчлено семејство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива