Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 31. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас се закани со распишување предвремени избори поради внатрешните судири во партијата, обвинувајќи ги дисидентите во СИРИЗА дека се обидуваат да манипулираат со резултатите од неодамнешниот референдум.
Во пресрет на состанокот на централниот комитет на владејачката партија, Ципрас упати остри критики до партиските радикали, кои не ја поддржаа владата при гласањето за најновиот пакет мерки за штедење. Пакетот предвидува серија строги мерки за штедење, од кои повеќето беа отфрлени од СИРИЗА пред да дојде на власт. Во меѓувреме, Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека не ја менува кредитната линија за Грција, каде што се очекува берзата да биде отворена во текот на наредните денови, по речиси едномесечно неработење, пренесуваат светските медиуми.
Тој ги обвини партиските дисиденти дека се обидуваат да ги „извртат“ резултатите од референдумот за предлогот на кредиторите, за кои тврдат дека се зелено светло за излегување на Грција од еврозоната, пренесува „Катимерини“. (Крај)
извор: Kathimerini фото: архива
