Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен картон за Приштина: Војската на Хашим Тачи нема да помине

Црвен картон за Приштина: Војската на Хашим Тачи нема да помине


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина, 6.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Најмоќните земји од Западот сметаат дека не е време за формирање на војска на Косово и дека Приштина тоа не смее да го прави без договор со Белград, јавуваат српските медиуми.

Ова го изјавиле високорангирани дипломатски претставници на западните земји во Приштина кои ги поддржуваат постоечките Безбедносни сили на Косово, но не и тие во скора иднина да се претворат во „оружени сили на Косово“.

Највисоките косовски државници, премиерот Иса Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи во изминатите недели насекаде ја рекламираат најавата Косово што побрзо да добие своја војска. Тачи во еден момент изјави дека ја имаат поддршката од НАТО, што, по сѐ изгледа, не е вистина.

– Точно е дека Косово во некој момент во иднина ќе добие свои оружени сили, но тоа нема да биде наскоро. Пред сѐ, оваа тема мора да биде дел од процесот на нормализацијата на односите со Белград. Еднострани одлуки на Приштина нема да одобриме, изјавиле за Блиц високорангирани западни дипломати од Косово.

Тие истакнуваат и дека е клучно Приштина за идната војска да добие широка согласност од Србите на Косово.

Приштинските медиуми јавија дека Тачи и Мустафа планираат да ги заобиколат Србите и да формираат војска без промена на уставот, за што би им била потребна поддршка од малцинските заедници.

– Знаеме за тие шпекулации, но тоа не е реално. Политичарите од Приштина мора да ја добијат поддршка од Србите. И тоа не само од српските политичари во институциите на Косово, туку од пошироката заедница. За таа цел владата и БСК мора да спроведат низа конкретни чекори за изградба на довербата меѓу Србите, како што се изградба на мостови, патишта во српските заедници, хуманитарни акции и слично, објаснуваат дипломатите.

Како посебен проблем западните дипломати го истакнале тоа што припадниците на БСК не се спремни да станат војска, малку знаат и не се доволно образувани. (Крај)

извор:МКД фото:архива

Post navigation

Previous Жена мигрант загина во сообраќајка кај Врање
Next Брамерц: Наскоро пресуди за Караџиќ и Шешељ

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.