Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Црна Гора: Рестриктивни мерки за загрозувачите на суверенитетот на Украина

Црна Гора: Рестриктивни мерки за загрозувачите на суверенитетот на Украина

Подгорица, 12. декември 2015 (ИНПРЕС) – Црногорската Влада донесе предлог одлука за воведување на меѓународните рестриктивни мерки утврдени со одлуки на Советот на ЕУ во однос на дејствија за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

– Со одлуката се воведуваат меѓународни рестриктивни мерки во однос на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, кои се утврдени со одлуки на Советот на ЕУ, на кои Црна Гора се придружи согласно надворешнополитичките приоритети на усогласување со ЕУ во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, се наведува во Предлог одлуката на црногорската Влада, пренесуваат медиумите.

Со тоа се ограничува влез на територијата на Црна Гора на физички лица кои се одговорни за активно поткопување или спроведување активности или политики кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност, однонсо стабилност и безбедност на Украина, или кои го попречуваат работењето на меѓународните организации во Украина. (Крај)

извор: Репортер фото: архива

Post navigation

Previous Косово бара помош од ЕУ за демаркација на границата со Црна Гора
Next Мајка во Србија го убила тукушто родениот син

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.