Белград, 12. декември 2015 (ИНПРЕС) – Наодот од обдукцијата потврди дека сомневањата на полицијата дека мајката Силвана Т. го убила туку што роденото синче така што му ја расцепила главата.
Според извештајот од обдукцијата на малото бебе на неколку места се гледаат скршеници на коските на главата.
– Детето е родено живо и здраво, потоа настапила насилна смрт. Станува збор за насилство од што детето умрело, објаснува извор близок до целиот случај.
Според зборовите на изворот, истрагата продолжува па ќе се утврди дали мајката го тепала детето со раце или станува збор за користење на тап предмет.
Силвана Т. во вторникот попладне им рекла на инспекторите дека родила мртво бебе. Меѓутоа лекарите приметиле дека станува збор за насилна смрт. Обдукцијата потврди дека се работи за убиство, а не станува збор за природна смрт.
Уапсената жена е сослушана во полицијата во Пожаревац, а против неа е поднесена кривична пријава за убиство на детето. Таа, тврдела дека нема никаква врска со убиството и дека се работи за несреќа. (Крај)
извор: Репортер фото: архива
