Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

1 min read
Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Охрид, 4. мај 2026 (ИНПРЕС) – 18 годишниот охриѓанец Ѓоко Чеменкоски, млад, амбициозен, харизматичен уметник  ја гради својата музичка приказна – пее во хор, свири гитара, прави обработки на песни, а сега веќе има и своја сопствена.

Ѓоко е пример за новата генерација таленти кои со ентузијазам и посветеност ја носат музиката како дел од секојдневието.

Поразговаравме за неговата љубов кон музиката, првата авторска песна „Оди мила“, за членувањето во градскиот хор „Vox Lychnidos“, како и за идните планови.

InPress: Го промовира твоето музичко првенче насловено „Оди мила“. Што беше твојата главна инспирација за оваа песна, кој е авторскиот тим?

Чеменкоски: Пред сé, многу ми е мило што конечно излезе моето првенче. Јас сум автор на музиката и текстот, а аранжманот на  Александар Јовевски. Главната инспирација е воглавно самата љубов кон музиката, а и секако дека во позадина се крие некоја девојка, која е „виновник“ за таа љубов да се пренесе во една чиста, емоционална песна. За песната направивме и видео запис за што беше задолжен Даниел Јовески.

InPress: Изминатиов период активен си на социјалните мрежи, заедно со твојот брат и уште двајца музичари пласиравте видеа со обработки на повеќе песни. Од каде идејата и дали ќе продолжите?

Чеменкоски: Идејата е пак воглавно љубовта кон музиката, а и да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика. Тоа го правиме со мојот брат Стефан, Бојан Маркоски и Христо Дејкоски, а секако дека ќе продолжиме.

InPress: Ти си дел и од градскиот хор „Vox Lychnidos“. Што значи за тебе да бидеш дел од овој состав со долгогодишна традиција и бројни успеси зад себе?

Чеменкоски: За мене членувањето во хорот значи успех, дефинитивно успех, затоа што може премногу да се научи, од излегување на настапи па сé до делот каде што се развиваме музички.

InPress: Кој настап со хорот ти оставил најсилен впечаток?

Чеменкоски: Мене секој настап ми е совршен и сум посветен 100% за да биде сé како што треба. Но, еве ајде ако мора да изберам, тоа би било дефинитивно изведбата на концертното, вокално-инструментално дело „Вооружениот човек – Миса за мир“ од Карл Џенкинс, во склоп на одбраната на магистерската програма на нашиот диригент на хорот Бурим Хидри, навистина беше дело за почит.

InPress: Дали хорското пеење ти помогна да се изградиш како соло изведувач?

Чеменкоски: Како што кажав веќе помага да се развиеме музчики, а и воглавно со секое излегување на настапи, концерти, независно дома или во странство, помага на секој можен начин.

InPress: Периодов се подготвуваш за твојот матурски концерт. Што можеме да очекуваме, што ќе изведеш, ќе имаш ли гости?

Чеменкоски: Е да, на 7 мај е мојот матурски концерт, што ќе се одржи во црквата Св. Софија во Охрид, со почеток во 19:00 часот. Гости ќе бидат мојот брат на кларинет, две девојки кои ќе пеат заедно со мене односно ќе пееме трио, градскиот мешан хор Vox Lychnidos, а за програмата ќе оставам само да дојдете и да уживате во секој момент. Ќе се пее класична музика.

InPress: Што освен музиката е твој интерес?

Чеменкоски: Па воглавно уметноста. Јас сакам да бидам уметник, па и затоа еве Бог ми дава да можам да создавам и своја музика, да правам интересни видео спотови благодарение на Даниел Јовески кој ја оцрта „Оди мила“ како комплетна приказна.

InPress: Кои се плановите на Ѓоко по матурирањето, на личен и професионален план?

Чеменкоски: Во иднина планирам да студирам на музичка академија во Скопје исто соло пеење и секако да правам уште многу нови песни и проекти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Ѓоко Чеменкоски/ИнПрес

Post navigation

Previous Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Слични вести

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.