Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Членовите на студиото за танц „Соната“ се враќаат на сцена, утревечер одржуваат годишен концерт

Членовите на студиото за танц „Соната“ се враќаат на сцена, утревечер одржуваат годишен концерт

1 min read

Охрид, 14. јуни 2023 (ИНПРЕС) – После четири години, членовите на студиото за танц „Соната“ од Охрид се враќаат онаму каде што припаѓаат – на сцена.

Утре, 15-ти јуни го организираат годишниот концерт на кој ќе се претстават сите оние кои изминатиов период напорно работеа и навлегуваа во тајните на класичниот балет, современиот танц, латино танците и хипхопот. Тоа се оние кои изминатиов период тивко, но во исто време гордо го претставуваа Охрид на меѓународни натпревари и секогаш се закитуваа со медали, велат од „Соната.

На малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се организираат два концерти. Претпремиерата е закажана за 18:00 часот, а премиерата од 20:00 часот.

– Билетите ќе бидат достапни денес, 14-ти јуни и ќе можат да се набават во просториите на студиото за танц „Соната“ што се наоѓа кај старата автобуска станица, веднаш до дирекцијата на Ремис, во периодот од 19:00 до 21:00 часот.
Билет за ДВЕ лица за претпремиера чини 300 денари и истиот е наменет за едно полнолетно и едно малолетно лице или за две малолетни лица. Билет за ЕДНО лице за премиера чини 250 денари.
СЕКОЈ БИЛЕТ ОВОЗМОЖУВА ПОПУСТ ОД 2.000 ДЕНАРИ ЗА УПИС ВО ПЕРИОДОТ ОД 25.06.2023 ДО 05.09.2023. Бројот на билети е ограничен и истите се нумерирани со ред и седиште и се однесуваат единствено за означеното место. Дополнителни информации можете да добиете на 078/362-484, додаваат од студиото за танц.

Во пресрет на следната танцова сезона која започнува од 1-ви септември, а во која од „Соната“ најавуваат многу патувања, натпревари и концерти ги покануваат сите оние кои сакаат да уживаат во една уникатна мултимедијална претстава која изобилува со неверојатни светлосни ефекти, филм , музика и секако – ТАНЦ! (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Почнува летниот распуст и за основците
Next Точков: Водата во Охридското Езеро е од прва и втора класа и може да се користи за капење спорт и рекреација

Слични вести

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција
1 min read

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје? Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?
1 min read

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.