Атина, 17. март 2016 (ИНПРЕС) – Шверцерите на луѓе продолжуваат да превезуваат мигранти од Турција за Грција, менувајќи ги маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО, поради што приливот на мигранти кон грчките острови воопшто не е прекинат.
Бројот на мигранти кои секој ден доаѓаат на Лезбос и другите острови речиси и да не е променет од почетокот на операцијата на НАТО во Средоземно Море, минатиот месец, која во моментов е ограничена на морето меѓу Лезбос и Турција. (Крај)
извор: МТВ фото: архива






