Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

1 min read
Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

Охрид, 13. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Игранките беа многу популарни и посебно доживување за младината, а ние и покрај тоа што немавме музичка наобразба успевавме да им го „погодиме“ ритамот, се присетува на минатите времиња, 60/70 те години на минатиот век, професорот во пензија Љубомир Јакимоски, тапанар во ВИС „Соколи“ од село Долно Лакочереј.

Започнале да свират во дворот на семејната куќа заедно со неговиот брат и уште неколку другари кои биле во училишната музичка секција, а за кратко време станале занчаен фактор за збогатување на културно – забавниот живот во селото.

Во почеток биле пет членови, биле три гитари (соло, бас и ритам), тапани и оргула, а еден соселанец ги носел со своето фиќо по настапи. Она што ќе го заработеле го давале за инструменти, појачала или за превоз, ама за тогашната младина тоа било доживување.

– Имаше во школото музичка секција, брат ми беше член и негови другари, околу 1966 година почнавме со свирење во дворот на нашата куќа и тоа сѐ по слух, немавме музичка подготовка. Потоа се роди желба да свириме на игранки, купивме за почеток гитари, сѐ тоа беше самоиницијативно. Потоа се запрашавме дали може да правиме некои забави во селото и тогаш ни помогна Томе Плевнеш, имаше појачала и така почнавме. Првите игранки беа во селото, тоа беше голем ентузијазам, имаше голема желба за дружба меѓу младите. Потоа се проширивме уште малку, одевме и во околните села Горно Лакочереј, Косел, Оровник, Требеништа, Волино… и бевме пречекувани како Битлси, за тоа поднебје со многу аплаузи. Свиревме тогашна популарна музика – Про Арте, Индекси, Драган Мијалковски… Младината беше многу задоволна, вели Јакимоски во интервју за Супер радио и InPress.

Круна на сето тоа биле настапите во Охрид на Долни Сарај, но и во Струга, на тогашните гитаријади.

– Немавме знаење од музика ама за младината беше важно што се забавуваа, го погодувавме ритамот. Како круна беше настапот во салата во Долно Лакочереј, во една прилика имавме посета од 500 млади, доаѓаа од околните села и им беше како мотив да може да се дружат, можам да кажам дека над 20 – 30 бракови се формирани од тие игранки. Посебен впечаток ми остави настан во Волино, па скоро како со обезбедување пристигнавме, нé поздравуваа со аплауз, истакна Јакимоски.

ВИС „Соколи“ во првичниот состав постоела од 1967 година до 1970/71 година. Групата продолжила со други членови и понатаму да ги забавува младите, да настапува по куќни забави…именувани биле како „Соколи 1“, „Соколи 2“, Соколи 3“…

Производ од овој вокално – инструментален состав се неколку пејачи и инструменталисти, како Ристе Петрески од Лакочереј, кој настапува со група и Аце Костоски кој настапува во групата Цар Самоил на бас. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Љубомир Јакимоски

Post navigation

Previous ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
Next Охридското Езеро на 16 сантиметри над просекот

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.