Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јанкоски: Со новиот економичен систем на греење со топлотни пумпи СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ е чекор понапред кон енергетски ефикасно училиште

Јанкоски: Со новиот економичен систем на греење со топлотни пумпи СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ е чекор понапред кон енергетски ефикасно училиште

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 23. мај 2023 (ИНПРЕС) – Со повеќе градежни и реконструктивни зафати реализирани изминатиов период, значително се подобрени условите во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.

Покрај во внатрешноста, подобен е и ликот на објектот и училишниот двор. Од промена на електрична инсталација, партерно уредување, до енергетски ефиксна фасада и нова хидрантска мрежа околу школото се само дел од реализираните проекти.

https://youtu.be/SgKb9vjyHpg

Следната грејна сезона оваа образовна установа ќе ја дочека подготвена бидејќи е променет и системот за греење, па училиштето ќе се затоплува со нов економичен систем на греење со топлотни пумпи, потенцира во разговор за Супер радио и InPress првиот човек на стручното училиште Ристе Јанкоски.

Нема достапен опис

– Се направија големи градежни зафати во нашето училиште целосно е променета електричната инсталација во објектот, беше многу стара без заземјување. Се промени системот за греење имаме нов економичен систем на греење со топлотни пумпи што ќе се активира следната грејна сезона, што ќе трошат многу малку енергија. Имаме ново партерно уредување, со летниковци, фонтана, училница на отворено… Потоа имаме нова, енергетски ефиксна фасада на цело училиште, нова хидрантска мрежа околу школото. Имаме нови смарт табли во училниците, ИТ опрема компјутери, кабинетите по медицина се комплетно опремени за учениците да можат на професионален начин да ја следат наставата, сé со цел да имаме поуспешна реализација и поголем квалитет на наставата. Сите зафати се реализирани од блок дотации, истакна Јанкоски.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тој додаде дека во периодот кој следи ќе се изработи и нов проект за производство на електрична енергија, со поставување на фотоволтаици на кровот од училиштето, а во однос на дополнително подобрување условите ќе следи и промена на подовите. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ (Фото/Видео)
Next Прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „Дејан Војвода“ и „Македонски Просветители“

Слични вести

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.