Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јанкулоски: Нема активни шумски пожари во охридскиот регион, останува апелот до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно

Јанкулоски: Нема активни шумски пожари во охридскиот регион, останува апелот до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 16. јули 2024 (ИНПРЕС) – И покрај екстремно високите температури, во охридскиот регион нема активни шумски пожари.

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид Борко Јанкулоски за Супер радио и InPress вели дека кај нас, споредено со она што се случува во делови од државата, состојбата периодов е релативно мирна.
– Од почетокот на месецов имаме вкупно 16 пожари од кои повеќето се пожари на отворен простор, сува трева, ниска вегетација, депонии. Моментално екипи на јавните претпријатија вршат затрупување со земја на депонијата Мауцкер, вели Јанкулоски.

Со цел да не дојде до несакани последици, Јанкулоски уште еднаш упатува апел да не се пали оган на отворен простор, укажувајќи дека секое палење е строго забрането и е казниво по закон. Потсети дека на сила е одлуката на Владата со која е прогласена кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена, а од вчера е на сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во терминот од 06:00 до 20:00 часот.

Инаку, што се однесува до шожарите на ниво на Македонија, според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожари на отворено, од коишто сѐ уште активни се 12 пожари. На зафатените подрачја се дејствува од земја и со воздухоплови, а побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во средните училишта во Охрид досега се запишани вкупно 496 основци, поголем интерес има за стручните училишта
Next Реванш меѓу „Струга Трим и Лум“ и „Слован Братислава“ денеска на стадионот „Билјанини извори“

Слични вести

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Граѓаните апелираат да се искоси и уреди зелениот појас на поранешното игралиште кај Историскиот архив (Фото) Граѓаните апелираат да се искоси и уреди зелениот појас на поранешното игралиште кај Историскиот архив (Фото)
1 min read

Граѓаните апелираат да се искоси и уреди зелениот појас на поранешното игралиште кај Историскиот архив (Фото)

Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти

Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.