Белград, 10. мај 2015 (ИНПРЕС) – Терористичката организација, со вооружените судири во Куманово со полицијата и со жртвите, ја постигна својата цел, но сигурно е дека тие нема да застанат тука, вели Душан Јанјиќ, директор на српскиот Форум за етнички односи.
– Што тие ни покажаа со овие напади? Дека таму каде нема држава, таму каде државата е слаба, каде не се решаваат ниту политичките ниту социјалните проблеми, наивно е да се очекува дека нема да има тероризам, изјави Јанјиќ за српската агенција Бета.
Според него, терористите во Куманово само ја искористиле шансата која им ја пружиле Владата на Република Македонија и опозицијата. Јанјиќ смета дека ваквите услови ќе потраат и дека треба да се очекуваат нови терористички активности.
– Србија има неколку сличности со Македонија. Прво има жестока поделеност меѓу власта и опозицијата, но среќа во несреќа е што српската опозиција не е авторитетна и не може да го направи она што го може опозицијата во Македонија, додава Јанјиќ. (Крај)
извор: Бета/Б92 фото: архива
