Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јованоски: Сé уште чекаме да дојде денот кога првите пливачи ќе запливаат во покриениот базен

Јованоски: Сé уште чекаме да дојде денот кога првите пливачи ќе запливаат во покриениот базен

1 min read

Охрид, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – За скоро време соседна Струга ќе добие модерен и функционален базен на местото каде 15 години имаше рушевини и купишта смет, а покриениот базен во Охрид се гради веќе осма година и сé уште е недовршен и покрај слатките зборови и ветувања кои ги изнаслушавме.

Сé погласни се коментарите дека е жалосно за Охрид како град на вода, кој дал бројни пливачки легенди, да нема услови преку цела година да се одржуваат тренинзи и да даде нови пливачки имиња.

Тренерот во пливачката школа „Акваспирит“ Миле Јованоски во интервјуто за Супер радио и InPress ја апострофира важноста од постоење на соодветна инфраструктура за постигнување врвни резултати.

Потенцира дека со обуките во текот на два месеци преку лето пливачките надежи може да се издигнат до некое ниво, но за натпреварувачки успеси во национални рамки и многу пошироко треба многу повеќе.

May be an image of 7 people, people swimming and text

– Пливањето е спорт што е широко распространет на сите меридијани, секаде се вложува во пливањето, имаат одлична инфраструктура, така што ние доколку би сакале да држиме чекор со најдобрите мора тоа час поскоро да се реши. Знаеме сите 2015 година почна изградбата на покриениот пливачки базен во Охрид, но сé уште чекаме да дојде денот кога првите пливачи ќе запливаат во него. Тука нема простор за импровизации, со работа преку лето од два месеци можеме само да гарантираме дека во рамките на школата дечињата ќе научат да пливаат, ќе се ослободат, ќе ги направат првите чекори и можеби некои понапредни да дојдат до некое попристојно ниво, но тоа е далеку од она што би требало еден пливачки клуб да го продуцира, рече Јованоски.

Иако вели дека ентузијазам постои и е на високо ниво, сепак во овој момент мора да бидеме реални, да погледнеме на вистината во очи и да чекаме соодветни услови за поголеми чекори напред.

Објектот започна да се гради во 2015 година, од страна на фирмата „Бауер БГ“ од Скопје. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Но, од тоа ништо. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година…Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски кон средината на август минатата година најави дека тогаш, од 1-ви септември ќе продолжат градежните работи на затворениот пливачки базен во Охрид и се очекува дека до март или април месец оваа, 2023 година тој да биде готов, но и од тоа ништо.
Покриениот базен во Охрид е проект оставен како ветување за охриѓани веќе неколку децении наназад. Според најавите затворениот пливачки базен ќе биде енергетски ефикасен објект и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима далеку поевтино. Покрај двата базени ќе има трибини со капацитет од 500 седишта и посебен простор за новинари и вип ложа, како и помошни простории со спа и велнес центар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Утревечер кик-бокс спектакл „Fight 4 Glory“ на Бени Османоски во Струга
Next Во Охрид денес сончево време со облачност во утринските часови и температура до 26. степени

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.