Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот

ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот

ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот

Охрид, 1. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Големи црни кеси со најразличен отпад оставени до кантите, картонска амбалажа, расфрлани пластични шишиња, остатоци од храна…ова е „декорот“ што често може да се види низ уличките на стариот дел на градот.

– Ова се редовни слики од најпосетуваниот дел од Охрид од страна на туристи, место коешто е живеалиште на голем број граѓани, место со голем број бизниси. Ова не е сликата којашто сакаме да ја ниту живееме, ниту оставиме како впечаток за нашата култура, информираат од ЈП „Охридски комуналец“

Оттаму апелираат до граѓаните и правните лица кои живеат и работат во стар град да ги почитуваат препораките за одлагање на отпадот во канти, не во ќеси, а одлагањето да биде до 06.00 часот наутро.

– Отпадот, особено од храна, одложен во ќеси најверојатно ќе заврши по улиците заради уличните и домашни животни. Затоа, апелираме да се одлага во канти, капаците да бидат затворени и да не се остава отпадот да стои предолго на улица особено во текот на топлите денови, велат од претпријатието.

Посочуваат дека отпадот е дел од нашето живеење и работење и како и сите други аспекти треба да се менаџира и да се организира начинот на којшто ќе го третираме во нашите домови и нашите бизниси. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“

Post navigation

Previous „Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина
Next Водата од артерската чешма „Џамија“ е исправна за пиење

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.