ЈП „Охридски комуналец“ ќе го подига отпадот со задоцнување поради топлотниот бран
July 20, 2023

Охрид, 20. јули 2023 (ИНПРЕС) – ЈП „Охридски комуналец“ со измени во динамиката на подигнување на отпадот поради високите дневни температури.

– Ги известуваме граѓаните на Општина Охрид, корисници на нашите услуги, дека заради посебните мерки за превенирање на последиците од топлотниот бран, во овие денови подигнувањето на комуналниот отпад на одредени места од општина Охрид и приградските населби, ќе се одвива со задоцнување, информираат од претпријатието.

Оттаму се надеваат дека ќе наидат на разбирање кај граѓаните. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива