Софија, 10. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Државниот секретар на САД Џон Кери доаѓа во посета на Бугарија на 15 јануари, соопшти портпаролот на Стејт департмент, Џен Псаки.
Безбедност, енергетска диверзификација, билатерална трговија и инвестиции, се меѓу темите кои ќе бидат разгледани за време на посетата на Кери во Софија.
– Државниот секретар ќе ја нагласи важната улога која ја има владеењето на правото, за остварување на целосниот потенцијал на Бугарија како динамична европска демократија, се наведува во соопштението. (Крај)
извор: Фокус фото: архива
