Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Хрватска бира претседател – Јосиповиќ или Грабар-Китаровиќ?

Хрватска бира претседател – Јосиповиќ или Грабар-Китаровиќ?

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Загреб, 11. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Денес во Хрватска ќе се одржи вториот круг од претседателските избори. Државната изборна комисија соопшти дека гласањето започна во 07:00 по локално време и ќе заврши во 19:00 часот.

Хрватскиот претседател се избира на период од пет години со можност за повторен избор за уште еден мандат. За функцијата се борат двајца кандидати – актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и поранешната министерка за надворешни работи, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Франс прес забележува дека 57-годишниот Јосиповиќ е познат како човек со исклучително трпение и воздржаност, кој често се насмевнува зад очилата и има изглед на скромен учител. На моменти се чини дека во очите на критичарите е рамнодушен, па дури и досаден, поради што е обвинет за „недостаток на шарм“. За време на неговото претседателствување, Хрватска стана членка на Унијата во 2013 година. Откако победи на претседателските избори во 2010 година, тој изјави дека има намера да напише опера за животот на Џон Ленон, што засега не успеал да го стори. Тој, се разбира, се шегуваше и призна дека тоа ќе е единственото неисполнето ветување во неговиот мандат. Во земја каде во последните години еден премиер и неколку министри се осудени за корупција, социјалдемократот не даде повод да биде обвинет. Уште од неговиот избор тој има имиџ на популарен политичар. Неодамна, сепак оваа популарност беше разнишана од лошите резултати на Социјалдемократската влада во областа на економијата. Во исто време тој се смета за политичар кој се труди да биде во добри односи со сите и никогаш не зазема категорична позиција по некое важно прашање.

Неговата соперничка, поранешната министерка за надворешни работи, Колинда Грабар-Китаровиќ сака да биде сметана за „жена од народот“. Ако биде избрана, таа ќе стане првата жена претседател на Хрватска. Таа е ќерка на касап од село во близина на Риека. Секогаш е брилијантно насмеана. Позната е како динамичен дипломат, но не успева да го истакне скромното потекло и со задоволство раскажува за детството на село за да потенцира колку и било тешко да напредува во политиката.

– Никогаш не сум се откажала од убедувањата и вредностите: татковината и семејството се на почесните места во мојот живот, изјави мајката на две деца, опишувајќи го нејзиниот сопруг како „професионален татко“. Завршила високо образование за англиски и шпански јазик, а има и магистриратура на политички науки на Универзитетот во Загреб. Членува во Хрватската демократска заедница од 1990 година Откако ја води дипломатијата на својата земја, таа стана амбасадор во Вашингтон, а од 2011 година е назначена за помошник на генералниот секретар на НАТО за односи со јавноста, изјави Грабар-Китаровиќ. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Џон Кери во посета на Бугарија следната недела
Next Хрватска доби прва жена претседател

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.