Охрид, 23. декември 2025 (ИНПРЕС) – Учениците и наставниците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид и годинава по традиција ќе одржат новогодишен концерт, насловен „Ехо од Македонија“.
– Учениците и наставниците ќе Ве поведат на музичко патување низ македонската традиција и уметност. Да ја прославиме Новата година заедно, со звукот на Македонија, велат од училиштето.
Концертот ќе се одржи вечерва во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со почетокот во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








