Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Концерт на Слаткар на 2-ри август во Охрид

Концерт на Слаткар на 2-ри август во Охрид

1 min read
Концерт на Слаткар на 2-ри август во Охрид

Охрид, 22. јануари 2026 (ИНПРЕС) – На големиот празник Илинден, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе одржи концерт во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“.

Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.

– Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме,  вели Слаткар.

Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.

Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.

На 2-ри август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на улиците „Егејска“, „Марко Нестороски“ и „7. Ноември“
Next Нови четири услуги од Фондот за здравство достапни на интернет

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.