Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва промоција на книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија

Вечерва промоција на книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија

1 min read
Вечерва промоција на книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија

Охрид, 12. август 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во Куќата на Уранија на МАНУ ќе биде промовирана книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија.

Предвидени се обраќања на претставник на Општина Охрид, академик Вера Битракова Грозданова, на промоторот проф.д-р Иван Додовски и на рецезентот проф.д-р Елизабета Шелевa, по што ќе следи настап на проф. Љупчо Аслимоски на пијано и проф. Кирил Белистојаноски на виолина.

Книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија беше објавена постхумно кон крајот на месец март. Овој труд го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.

Викторија Поп Стефанија беше еминентна авторка, инженер- архитектка и публицистка од областа на теоријата на историјата на архитектурата. Таа е бележит национален архитект со творечки опус од околу 300 проекти и студии. Нејзини креации се хотел „Метропол“, реконструкцијата на „Рибниот Ресторан“ во Охрид, хотелот „Молика“ на Пелистер. Таа е творец на автентични просторни креации за воздигнување на храмовите: „Св. Димитриј Солунски“, „Св. Григориј Палама“ во Струмица, „Св. Прохор Пчински“ во Мелбурн, Австралија, „Св. Богородица“ во Демир Хисар… Добитник е на бројни награди и признанија и е автор на многубројни стучни публикации.

Викторија Поп Стефанија почина на 20-ти февруари во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на неколку улици
Next Викендов започнува третиот Ohrid Water Festival – ќе трае до 30-ти август

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.