Охрид, 5. август 2025 (ИНПРЕС) – На 8-ми, 9-ти и 10-ти август во Охрид ќе се одржи Фестивал на пчелни производи од локални пчелари „Пчели и мед“.
Локалните пчелари ќе го изложат својот мед, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед.
– Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, велат од пчеларското здружение „Охрид“.
Фестивалот ќе се одржи на плоштадот Крушевска република од 16:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
