Водостојот на Охридското Езеро е на 21 сантиметар под просекот за август, температурата на водата е 23 степени
August 21, 2025

Охрид, 21. август 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) од 19-ти август, нивото на водата во езерото е на кота од 693,25 м.н.в што е за 21 сантиметар под просекот за овој месец (693,46 м.н.в) и 15 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 23 степени, за половина степен пониска од просекот.

Изминативе седум дена водостојот е намален за 3 сантиметри. Подолг период наназад езерското ниво е под просечно утврденото. Отсуството на врнежи и високите температури дополнително го намалуваат водостојот.

Можно е да е слика од нацрт, одрезок од билет и текст

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јуженн правец. Максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР