Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со победнички Service Learning проект

Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со победнички Service Learning проект

1 min read
Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со победнички Service Learning проект

Охрид, 10. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“, под менторство на психологот Даница Скрческа и професорот Ристо Николески, се меѓу петте одбрани тимови во рамки на повикот за Service Learning средношколски проекти, поддржан од проектот „LEADing Forward: зајакнување на капацитетите за одржлив развој“, кој го спроведува SMART Balkans.

Охридскиот тим ќе го реализира проектот „Оброк + заедничка активност – Храна без отпад за сите“, чија цел е да се намали отпадот од храна и да се помогне на ранливи категории во заедницата. Преку активности на учениците и наставниците, ќе се подготвуваат здрави оброци од намирници, ќе се компостираат остатоци и ќе се организираат дружења со лицата на кои им е најпотребна поддршка.

Овој повик им овозможи на средношколците од целата држава да ги претворат своите знаења во конкретни акции за општествена добробит. Од бројните пристигнати апликации, токму проектот на охридскиот тим беше издвоен како пример за иновативен пристап, општествена одговорност и практична примена на стручното образование. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од Билјанините извори и понатаму не тече вода, езерското ниво под просечното
Next На полноќ истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.