Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во акцијата „За посреќно детство“ собрани над 50.000 денари, денес извлекување добитници на награди

Во акцијата „За посреќно детство“ собрани над 50.000 денари, денес извлекување добитници на награди

1 min read
Во акцијата „За посреќно детство“ собрани над 50.000 денари, денес извлекување добитници на награди

Охрид, 27. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Во годинашната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ беа собрани 50.364 денари, средства што ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик.

Заблагодарувајќи се на сите оние кои учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа акцијата, од охридскиот Црвен крст информираат дека денес во 19:00 часот ќе биде извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди.

– Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк. Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето, велат од организацијата.

Оние што ги имаат извлечените броеви на талонче, истото ќе треба да го приложат во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнат наградата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Два златни и два бронзени медали за таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ на „Дубровник Опен 2025“
Next 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура денеска и утре во Охрид

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.