Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Во сабота хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

1 min read
Во сабота хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Охрид, 6. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Во сабота, 8 ноември 2025 година ќе се одржи петтиот хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“.

– После пет години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух сѐ уште се инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година, порачуваат организаторите.

Маршот ќе започне во 10:00 часот во близина на неговиот дом, кај спортското игралиште именувано во негова чест „Трајан Целески-Тачо“.

– Патеката започнува од населба Видобишта-Манастир Свети Никола, Велгошти и назад. Истата е умерена и е во должина од 10 километри во двата правци. Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг, додаваат организаторите.

Потсетуваат дека сите заинтересирани да понесат вода, храна како и топла облека, а малолетните лица ќе треба да се во придружба на возрасни. Секој учесник учествува на сопствена одговорност.

Доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Целески: Титулата Балкански теквондо шампион ми значи, следен предизвик е учество на Европско првенство во Швајцарија
Next Охридски каратисти дел од македонската репрезентација на Балканско првенство во Хрватска

Слични вести

Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна
1 min read

Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна

Анализите покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но и понатаму важи забраната за пиење на водата Анализите покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но и понатаму важи забраната за пиење на водата

Анализите покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но и понатаму важи забраната за пиење на водата

Спортски ден во Велгошти по повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров Спортски ден во Велгошти по повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров
1 min read

Спортски ден во Велгошти по повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.