Охрид, 16. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Поради дефект на водоводна линија времено е забранета за употреба водата за водата за пиење во село Долно Коњско.
– ЈП „Водовод“ Охрид ги известува корисниците од село Долно Коњско, дека поради дефект на водоводна линија се забранува водата за пиење околу ова мерно место, информираат од претпријатието.
Додаваат дека збраната ќе биде во сила сѐ додека од Центарот за јавно здравје Охрид не се добијат резултати од повторената анализа на водата за пиење од ова мерно место. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







