Гимназијалците рециклираат за нула отпад
October 7, 2025

Охрид, 7. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Охридската Гимназија „Св. Климент Охридски“ заедно со „Нула отпад“ во континуитет преку едукација се трудат да создадат генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.

За таа цел поставен е контејнер за ситен електронски отпад во дворот на училиштето, а учениците од прва година заедно со професорот по информатика, Дарко Цветкоски рециклираа паметно за нула отпад. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива