Детска претстава и комичното шоу „Солзи и смеа“ денес на „Охридска новогодишна приказна“
December 29, 2025

Охрид, 29. декември 2025 (ИНПРЕС) – Продолжуваат забавните настани во рамки на празничната програма „Охридска новогодишна приказна“.

Денеска од 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Заспаниот Снешко Белчо“, во изведба на „Весел театар“. Во вечерниот термин од 19:00 часот е новогодишното комично шоу „Солзи и смеа“ на „Балада продукција“.

Утре и задутре ќе бидат изведени уште неколку претстави, музички концерти.

„Охридска новогодишна приказна“ ќе биде заокружена на 1-ви јануари 2026 година со настапите на охридската група „Фузија“ и легендарните „Меморија“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива