Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЈП „Охридски комуналец“: Ќе се казнуваат граѓаните кои нелегално одлагаат отпад

ЈП „Охридски комуналец“: Ќе се казнуваат граѓаните кои нелегално одлагаат отпад

ЈП „Охридски комуналец“: Ќе се казнуваат граѓаните кои нелегално одлагаат отпад

Охрид, 29. декември 2025 (ИНПРЕС) – За граѓаните кои одлагаат отпад нелегално ќе се спроведат сите мерки за откривање и казнување по закон, алармираат од ЈП „Охридски комуналец“ по честото создавање мини диви депонии.

Посочуваат дека дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето на сите нас и животната средина.

– Отпадот нелегално оставен на вакви места ја загадува почвата и подземните води, шири токсични материи и привлекува штетници и болести. Дополнително, службите излегуваат на терен чистејќи ѓубришта, трошејќи огромни ресурси коишто припаѓаат на сите граѓани. Доколку граѓаните го одлагаат отпадот онаму кадешто е дозволено на начин којшто е прифатлив овие пари ќе може да се насочат кон поважни нешта. Доколку имате отпад којшто не знаете каде да го одложите контактирајте нѐ на следниов телефон 075/397 – 944, велат од претпријатието.

Одговорноста за нашето здравје и чистотата на нашето живеалиште зависи од сите нас. Потсетуваат дека со правилно одлагање на отпадот го штитиме просторот во кој живееме и спречуваме долгорочни последици кои сите ги плаќаме, како сега така и во иднина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Детска претстава и комичното шоу „Солзи и смеа“ денес на „Охридска новогодишна приказна“
Next ЦУК: Реката Сушица е под контрола, сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации

Слични вести

Од 15 април до 20 мај, Wizz Air ќе лета три пати неделно од Штутгарт до Охрид Од 15 април до 20 мај, Wizz Air ќе лета три пати неделно од Штутгарт до Охрид
1 min read

Од 15 април до 20 мај, Wizz Air ќе лета три пати неделно од Штутгарт до Охрид

Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа” Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа”

Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа”

Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид
1 min read

Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.