Еден златен и два сребрени медали за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на Меѓународниот натпревар GATUS 2025
October 10, 2025

Охрид, 10. октомври 2025 (ИНПРЕС) –  Еден златен и два сребрени медали освоија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” Охрид на 13-от Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта GАTUS 2025 што се одржа во Бар, Црна Гора.

На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска) и Бар (Црна Гора).

Учениците се натпреваруваа во дисциплините готварство, угостителско послужување и подготовка на тридневен туристички аранжман.

Охридските ученици медалите ги освоија во следните дисциплини:

Готварство – сребрен медал

– Давид Димоски

– Никола Краљевски

– Јован Андов

ментор: Васил Талевски

Угостителско послужување – сребрен медал

– Славе Софкоски

– Кристијан Нестороски

Бармен Виктор Стојчески

ментор: Елена Спироска

Туристички аранжманв – златен медал

– Андреа Билбилоска

– Вероника Ѓуракова

– Ивона Апостолова

ментор: Милена Илијевска

На учениците и менторите им беа доделени златни и сребрени дипломи. За сите учесници беше организиранo едукативно крстарење по Скадарското Езеро .

Домаќин на следниот натпревар GАTUS 2026, ќе биде градот Приједор во Босна и Херцеговина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива