Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнуваат свеченосите по повод Денот на ослободувањето на Охрид

Започнуваат свеченосите по повод Денот на ослободувањето на Охрид

1 min read
Започнуваат свеченосите по повод Денот на ослободувањето на Охрид

Охрид, 6. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва започнуваат свеченостите за одбележување на 81-годишнината од ослободувањето на Охрид.

Од 18:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, а од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“  ќе се одржи Свечената академија по повод Денот на ослободувањето на Охрид. Во културно – уметничката програма насловена „Охридска музичка антологија“ монологот „Гласот на борците“ ќе го извде актерот Жарко Спасовски, ќе следи танцов перформанс и концерт на Охридскиот музички еснаф.

За утре се предвидени бројни активности. ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го одбележи патрониот празник,  а ќе биде положено и свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ, на Градските гробишта, во Градскиот парк, пред Основниот суд во Охрид и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Панихида и полагање цвеќе е предвидено и пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне.

Од 10:00 до 11:00 часот ќе се одржи „Ohrid fly Festival“, регионален параглајдинг перформанс по повод Денот на ослободување на Охрид, по што ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата.

Како дел од програмата е и свечената приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“ и Седмоноемврискиот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ во концертната сала на училиштето. Од 19:00 часот во предворјето на црквата „Св.Софија“ ќе биде промовиран албумот „Егрегор“ и концерт на Никола Стојковски (Fin project) и Тања Царовска.

Во сабота, 8-ми ноември, од 18:00 часот во ОСУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи музичко – сценскиот проект „Ехото на Охрид“, свечен аудиовизуелен настан по повод денот на ослободувањето „Развој на животот: Од келија до ѕвезди“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Претставата „Парите се отепувачка“ вечерва на репертоарот на Народен театар Охрид
Next Вечерва изложба „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“ во Куќата на Робевци

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.