Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Парите се отепувачка“ вечерва на репертоарот на Народен театар Охрид

Претставата „Парите се отепувачка“ вечерва на репертоарот на Народен театар Охрид

1 min read
Претставата „Парите се отепувачка“ вечерва на репертоарот на Народен театар Охрид

Охрид, 5. ноември 2025 (ИНПРЕС) – По минатонеделната премиера, претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски вечерва е на репертоарот на Народен театар Охрид. 

Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.

„Парите се отепувачка“ е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство кое е принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во насловот – проклетството на парите. Дејството се случува во дваесеттите години на XX век, некаде во Западна Македонија.

– Парите се отепувачка спаѓа во класиците на македонската драматургија и како таква секогаш е подложна за нови сценски прочити. А тоа е можно затоа што темата е секогаш универзална : Која е жртвата што ја прави оној што оди на печалба, но и која е жртвата на семејството кое останува и чека печалбарот да се врати? Дали вреди животот да се стави на пауза заради соништата на семејството? Дали изгубеното време се надоместува со било кои пари? Низ овие поставени прашања се обидовме да направиме античка трагедија низ македонскиот мелос од битовата драма на Ристо Крле, вели режисерот Цветановски. Ова за него е петта премиера со oхридскиот народен театар. Впречем, Цветаноски беше режисер на првата претстава „Метаморфози“ што охридскиот театар ја изведе во 2011 година како Национална установа во рамки на Центарот за култура.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Јавен повик за образовен додаток за студенти од семејства со социјален ризик кои студираат надвор од Охрид за академската 2025-2026 година
Next Започнуваат свеченосите по повод Денот на ослободувањето на Охрид

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.