Охрид, 13. октомври 2025 (ИНПРЕС) – За претстојните локални избори во Охрид за гласање се пријавиле 230 болни и изнемоштени лица, информираат за Супер радио и InPress од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).
Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор. Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 18-ти октомври.
Согласно роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) утре на полноќ истекува рокот за пријавуање на лицата кои сакаат да гласаат на изборите, а кои издржуваат мерка куќен притвор.
Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1 832 415 избирачи. Од овие избирачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 717 803 избирачи, додека 112 000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива