Нагло намален бројот на заболени од грип во Охрид, нема ниеден случај со голема кашлица

Warning: Trying to access array offset on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/plugins/elementor/includes/base/controls-stack.php on line 1647

Warning: Trying to access array offset on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/plugins/elementor/includes/base/controls-stack.php on line 1649
December 4, 2025

Охрид, 4. декември 2025 (ИНПРЕС) – За една недела, во периодот од 24-ти до 30-ти ноември 2025 година, во Република Македонија се пријавени 114 случај на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 25,3% повеќе во однос на минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 76 лице се на возраст од 15-64 години, 16 лица на возраст над 65 години, 19 деца на возраст од 5-14 години и 3 регистрирани случаи на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Куманово – 49, Струмица – 16, Штип – 11, Тетово – 9, Гостивар – 7, Прилеп и Кавадарци – по 6, Македонски Брод – 5, Неготино – 3 и по еден случај во Радовиш и Скопје. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 776. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,9%.

Од 16 октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 76.477 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.658 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива