Кривична пријава против охриѓанец поради обид за убиство
September 24, 2025

Охрид, 24. септември 2025 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.A.(19) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој, на 14.09.2025 во 05.10 часот, во продажен објект, а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал Х.С.(20) од Охрид.

Напаѓачот веднаш е лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на помош. (Крај)

извор: МВР фото: архива