Охрид, 23. декември 2025 (ИНПРЕС) – Народен театар Охрид во периодот 2024/2025 година подготви 6 претстави, а забележа вкупно 19 изведби, со пет гостувања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На матичната сцена театарските дела ги погледнале 4.608 посетители, а 1.405 биле на гостувањата.
Споредено со периодот 2023/2024 година се бележи помал број подготвени претстави и изведби, повеќе гостувања и раст на бројот на посетители.
Во Народен театар Охрид се вработени вкупно 38 лица, од кои 19 се уметници.
На државно ниво, во периодот 2024/2025 година биле прикажани вкупно 1.391 претстави во професионалните театри и се бележи зголемување за 20.9 %, како и на бројот на посетителите за 20.5.% во однос на периодот 2023/2024 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес








