Нашиот Марко Пејчиновски вечерва го започнува предизвикот – модифициран Ironman триатлон
August 27, 2025

Охрид, 27. август 2025 (ИНПРЕС) – По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија, нашиот Марко Пејчиновски ќе го реализира најавениот модифициран Ironman триатлон.

Предизвикот Марко го започнува вечерва, стартна точка е Св.Наум и ќе трча до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се врати до Св. Наум и за крај со пливање ќе се упати кон Охрид. Ironman триатлонот е со вкупна должина од 107 километри.

Марко вели целта зошто го прави ова е потрага по желба за живот.

– Пред една година бев загубен по патот на животот, како и многу други. Со ова сакам да им покажам и да ги инспирирам дека има подобро утре. Со вера во Бога и упорност ќе успеете, вели Пејчиновски.

Тој изрази благодарност до сите за безрезервната поддршка. Додава дека целиот триатлон ќе биде документиран на неговите социјални мрежи на Instagram и Facebook. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива