Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро расте, но сепак е далеку од просекот за април

Нивото на Охридското Езеро расте, но сепак е далеку од просекот за април

1 min read
Нивото на Охридското Езеро расте, но сепак е далеку од просекот за април

Охрид, 15. април 2025 (ИНПРЕС) – Во континуитет продолжува да расте нивото на водата во Охридското Езеро, но и понатаму е далеку од просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на УХМР водостојот е на кота од 693,32 м.н.в што е за 25 сантиметри под просекот за овој месец (693,57 м.н.в) и 22 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 10 степени и е за 0,3 степени пониска од просечната.

Последнава седмица езерското ниво е покачено за 2, додека пак од почетокот за месецов за 6 сантиметри.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес претпладне променливо облачно време со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Програмата за најмладите Културата расте со децата „За сите деца“ ќе продолжи на 25-ти април
Next Ќе се одбележат 120 години од херојската погибија на Христо Узунов

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.