Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новакоски: Нема да поднесам кандидатура за градоначалник на Охрид

Новакоски: Нема да поднесам кандидатура за градоначалник на Охрид

1 min read
Новакоски: Нема да поднесам кандидатура за градоначалник на Охрид

Охрид, 18. август 2025 (ИНПРЕС) – Нема да поднесам кандидатура за градоначалник на Општина Охрид, изјави за Супер радио и InPress адвокатот Александар Новакоски, кој своевремено беше и претседател на Државата изборна комисија (ДИК).

Новакоски, кој своевремено беше и претседател на Државата изборна комисија (ДИК), ваквата можност ја најави на социјалните мрежи во септември 2023 година.

– Нема да се кандидирам, многу луѓе ме прашуваа периодов наназад. Од 2000 година сум жител на Скопје, а по закон за поднесување кандидатура мора да си жител на Охрид минимум 6 месеци. Инаку со задоволство би сакал, изјави Новакоски.

Засега во Охрид најавени се кандидатурите на д-р Асен Шајн, специјалист по оториноларингологија и актуелен претседател на ОО на СДСМ од Охрид е партискиот избор и ќе биде кандидат на престојните локални избори за градоначалник на Охрид. Тој наспроти себе ќе го има актуелниот градоначалник, д-р Кирил Пецаков, кој ја доби довербата од матичната партија, ВМРО-ДПМНЕ, за уште еден мандат. Се најавува сериозна „борба“ за советничките столчиња.

Инаку согласно роковникот, од денес започна да тече рокот за собирање потписи за учество на независните кандидати на локалните избори. Државната изборна комисија (ДИК) на последната седница одлучи дека само со два потписи граѓанските иницијативи ќе можат да учествуваат на изборите. ДИК донесе Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за Локалните избори 2025 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous АРМ денес го одбележува 33. роденден
Next Почна собирањето потписи, засега во Охрид нема поднесоци од независни кандидати за учество на локалните избори

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.