Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почна собирањето потписи, засега во Охрид нема поднесоци од независни кандидати за учество на локалните избори

Почна собирањето потписи, засега во Охрид нема поднесоци од независни кандидати за учество на локалните избори

1 min read
Почна собирањето потписи, засега во Охрид нема поднесоци од независни кандидати за учество на локалните избори

Охрид, 18. август 2025 (ИНПРЕС) – Од денеска па сѐ до 1-ви септември до 24:00 часот тече рокот за собирање потписи за учество на независните кандидати за градоначалник и за советници во градските совети во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври.

Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат пред службените лица на Државната изборна комисија и пред надлежен нотар на образец утврден од ДИК.

Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидат за градоначалник. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на општината и притоа за поддршка на истата на пропишаниот образец да бидат потпишани најмалку два избирачи.

Од подрачното одделение на ДИК во Охрид за Супер радио и InPress велат дека засега нема поднесоци од независни кандидати за учество на локалните избори.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до соодветната Општинска изборна комисија (ОИК). (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Новакоски: Нема да поднесам кандидатура за градоначалник на Охрид
Next Соколовски: Најголемите фолк ѕвезди ќе настапат годинава на „Охрид фест – Охридски трубадури“

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.