Охрид, 24. декември 2025 (ИНПРЕС) – Нови нагледни наставни средства од областа на анатомијата и медицинските науки беа презентирани пред учениците во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.
Набавени се современи анатомски модели и симулатори кои овозможуваат реалистично и практично изучување на човечкото тело и неговите системи.
– Со оваа инвестиција, нашето училиште продолжува да создава современи услови за квалитетно образование, велат оттаму.
Овие средства во наставата ќе овозможат подобро визуелно и практично усвојување на наставните содржини, унапредување на квалитетот на наставниот процес, како и зголемување на интересот и активното учество на учениците. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








