Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нови 2.347 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени

Нови 2.347 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени

1 min read
Нови 2.347 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени

Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани

Скопје/Охрид, 14. март 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на 10-та недела од 2025 година (од 3-ти до 9-ти март) во Република Македонија се пријавени 2.347 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, за 8,6% помалку во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 1 454 лица се на возраст од 15-64 години, 516 кај деца на возраст од 5-14 години, 198 кај лица на возраст над 65 години и 179 кај деца на возраст од 0-4 години.

– Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 931, Битола – 202, Куманово – 176, Струмица – 112, Тетово – 105, а во останатите, бројот на заболени е ≤100. Во 5 извештајни единици се регистрира многу ниска, во 6 – сезонска, во 15 –
средна, во 1 – висока, а во 2 (Дебар и Ресен) – многу висока активност на вирусот на грип стои во извештајот.

Според картограмот, на подрачјето на ЦЈЗ Охрид активноста  на грипот е сезонска.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 22.291. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,4%. Најмногу заболени сезонава се регистрирани во февруари.

Заклучно со 10. недела, во Република Македонија се вакцинирани вкупно 72 294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“
Next Утре завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.