Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Утре завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

1 min read

Охрид, 14. март 2025 (ИНПРЕС) – Утре завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилатa, без оглед на моменталната временска состојба, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилата, учесниците во сообраќајот, се должни во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Нови 2.347 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени
Next Таравари: Состојбата на повредените во болниците е стабилна, сите пациенти од Кочани и Штип се пренесени во Скопје

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.