Новогодишен хуманитарен базар во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“
December 26, 2025

Охрид, 26. декември 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва од 18:00 часот во дворот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ќе се одржи новогодишен хуманитарен базар.

– Заедно можеме да донесеме светлина, надеж и радост во животите на другите и да создадеме празнични спомени кои траат. Придружете ни се, споделете радост и бидете дел од магијата која го осветлува срцето на секој и ги исполнува празниците со вистинска топлина, порачуваат од училиштето.

На базарот ќе може да се најдат рачно изработени украси, уникатни подароци создадени со многу љубов и внимание. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива