Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавен оглас за избор на 19 јавни обвинители, за Охрид и Струга по еден

Објавен оглас за избор на 19 јавни обвинители, за Охрид и Струга по еден

1 min read
Објавен оглас за избор на 19 јавни обвинители, за Охрид и Струга по еден

Основен суд Охрид

Скопје/Охрид, 13. март 2025 (ИНПРЕС) – Советот на јавни обвинители на вчерашната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на 19 јавни обвинители низ повеќе Основни јавни обвинителства низ државата.

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска вели дека според проекциите за 8-та генерација на Академијата се објавува оглас за избор на по двајца јавни обвинители во ОЈО Куманово, ОЈО Прилеп и ОЈО Кичево, како и по еден јавен обвинител во ОЈО Скопје, ОЈО Крива Паланка, ОЈО Велес, ОЈО Битола, ОЈО Охрид, ОЈО Ресен, ОЈО Струга, ОЈО Гостивар, ОЈО Тетово, ОЈО Штип, ОЈО Радовиш, ОЈО Кочани и ОЈО Струмица.

Советот на јавните обвинители на седницата под точка разно донесе Заклучок за јавна реакција со која ќе бидат известени институциите во правосудниот систем на Република Македонија по однос на постапките за избор на кандидатите од 8-мата генерација од Академијата за судии и јавни обвинители и непочитување на одлуката за проекциите од страна на Судскиот совет.

Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Советот на јавните обвинители и Судскиот Совет самостојно врз основа на свои анализи го утврдува бројот на потребни кадри, а врз основа на тие проекции, Управниот одбор на АСЈО донесува одлука за бројот на кандидати по генерација.

Во конкретниот случај по однос на 8-та генерација, Советот на јавните обвинители на Република Македонија донел одлука за 47 слободни јавнообвинителски места, а Судскиот совет за 50 слободни места за судии, па Управниот одбор согласно проекциите донел одлука со која е утврдено дека 8-та генерација ќе има вкупно 97 кандидати.

Судскиот совет по изборот на 49 судии од редот на кандидатите од 8-та генерација на АСЈО, на 11.03.2025 година распишува оглас за избор на уште 35 судии во основните судови со што не ги почитува своите одлуки и одлуките на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бидејќи со изборот на останатите кандидати ќе се наруши функционирањето на Јавното обвинителство во целина, функционирањето на Академијата за судии и јавни обвинители и институционалната соработка.

Од Советот информираа дека за ова ќе бидат известени Министерството за правда, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавното обвинителство на Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Лилјана Стоилковска со монодрамата „Љуба“ утре гостува во Охрид
Next ИЈЗ: Во 2024 година водата во Охридското Езеро била од прва класа, извршени се 40 увиди на 155 примероци

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.