Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Во 2024 година водата во Охридското Езеро била од прва класа, извршени се 40 увиди на 155 примероци

ИЈЗ: Во 2024 година водата во Охридското Езеро била од прва класа, извршени се 40 увиди на 155 примероци

1 min read
ИЈЗ: Во 2024 година водата во Охридското Езеро била од прва класа, извршени се 40 увиди на 155 примероци

Охрид/Скопје, 13. март 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на минатата година водата во Охридското Езеро била од прва класа, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за состојбата, квалитетот и безбедноста на површинските води во Република Македонија.

Биле направени 40 увиди на вкупно 155 примероци езерска вода. Согласно микробиолошките параметри што се испитани водата спаѓа во класа одлична, односно, може да се употребува за капење, спорт и рекреација. Физичко – хемиските и бактериолошки анализи покажале дека водата е од I класа.

– Во однос на физичко-хемиската анализа, површинската вода од Охридското Езеро е оценета во I класа во 10 примероци, со исклучок во месеците јануари и септември кога заради зголемена потрошувачка на КМnO4, примероците вода се класифицирани во III класа. Микробиолошки, водите од Охридското Езеро се класифицираат како „одлични”, освен во месеците јули и декември кога водата се класифицира
како „незадоволителна” заради зголемен број на Enteroccocus, е наведено во извештајот.

Што се однесува до квалитетот на површинските води од реките, Сатеска и Коселска река се во II и III класа според физичко – хемиски анализи, а III и V бактериолошки, додека Грашница е во III класа според физичко – хемиските и бактериолошки анализи.

Во наодите на ИЈЗ е наведено дека во однос на физичко-хемиските параметри на површинската вода од природните езера во Република Македонија може да се заклучи дека состојбата само во Охридскито Езеро е стабилна каде најголемиот дел од примероците се класифицирани во I класа. (Крај)

извор: ИнПрес/ИЈЗ фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Објавен оглас за избор на 19 јавни обвинители, за Охрид и Струга по еден
Next Со средствата од Фондот за техничка документација Општина Охрид ќе изработи проект за затворање на депонијата Буково

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.