Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември до Бари, Келн и Прага

Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември до Бари, Келн и Прага

Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември до Бари, Келн и Прага

Скопје, 31. јули 2025 (ИНПРЕС) – Потпишан договор за пет нови авиолинии од скопскиот аеродром, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Македонскиот главен град авионски се поврзува со Мадрид, Стокхолм, Бари, Келн и Прага.

– Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје, како и Мадрид – Скопје, а од декември започнуваат редовните авионски линии Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје, изјави Николоски.

Додаде дека со 11 нови линии што се веќе отворени и овие 5, бројката на нови авиолинии орворени за само една година се искачи на 16.

Николоски потенцира и дека бројките покажуваат раст на патничкиот сообраќај на двата македонски аеродрома.

– Само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром, рече министерот.

Најави дека ќе има уште нови авиолинии што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Згаснува Агенцијата за промоција на туризмот – вработените преминуваат во Министерството за култура и туризам
Next Се зголемува интересот на туристите од западноевропските земји за Република Македонија

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.